Англичаните и нивната јавност знаат често да се креваат во облаци и да си ставаат статус на фаворити за титулите на најголемите репрезентативни собири како Европските и Светските првенства, но реалноста е дека нивните успеси можат да се избројат на прсти.
Тие и овојпат веруваат дека ќе можат да стигнат до крај на мундијалот во САД, Канада и Мексико, а еден од нивните поранешни репрезентативци Џо Кол уште од старт избриша една од репрезентациите која на хартија важи за фаворит за пехарот-Шпанија.
- Ќе го кажам тоа, мислам дека оваа шпанска репрезентација ќе отпадне, мислам ќе отпадне. Мислам дека шпанската лига е во пад во моментов. Во последните неколку години, откако Барселона пропадна… Атлетико Мадрид беше ужасен, нема шпански играчи во составот на Реал Мадрид.
- Мислам дека беа млад тим кој се состави за еден турнир. На пример, ако Ламин Јамал не игра, да речеме дека се повреди или нешто слично, едноставно не ми се допаѓаат. Мислам дека моќта на Франција ќе биде повеќе од доволна, Германија ќе биде повеќе од доволна, Бразил… од некоја причина, тоа е само претчувство, -вели Кол и додава:
- Клучно за мене е дали Роналдо може да се смири и да сфати дека не треба да игра секоја минута од секој натпревар. Како што старееш, мора да ја разбереш својата вредност. Тие го имаат Рафаел Леао од едната страна, Бернардо Силва доаѓа. Тие имаат толку многу, - заврши Џо.







