Аргентина доби добри вести пред „генералката“ за СП

Дерби

09/06/2026

12:49

218

Големина на фонт

а а а

Аргентина ќе има дуели со Алжир, Австрија и Јордан во првата фаза на Светското првенство, но пред официјалниот старт актуелниот првак ќе одигра уште еден тест натпревар против Исланд.

Истиот е закажан за в среда наутро од 03:00 часот, меч пред кој селекторот Лионел Скалони доби одлични вести. Нико Паз кој беше повреден почна нормално да тренира и ќе биде достапен за соочувањето со „рибарите“ исто како и дефанзивците Нахуел Молина и Гонзало Монтиел.

Главната вест е дека капитенот Лионел Меси е на се повисоко ниво, проблемот со мускулот го остава зад себе и може да заигра против Исланѓаните.

Меси се повреди на последниот меч за Интер Мајами и од клупата ја проследи победата на Аргентинците над Хондурас од 2-0.

Емилијано Мартинез и Леадро Паредес се уште тренираат одделно од групата, но се очекува двајцата да бидат фит за отварањето на мундијалот, соочувањето со Алжирците на 16 јуни.