Кари ги избра најдобрите плејмејкери во историјата на кошарката: Јас или…

Дерби

09/06/2026

12:47

298

Големина на фонт

а а а

Стеф Кари е на залезот на кариерата, но дефинитивно е играч кој одбележа една ера во кошарката, играч за кого може да се каже и дека ја промени кошарката со својот стил на игра.

Членот на Голден Стејт Вориорс има четири НБА титули, златни медали со САД од ОИ и СП, многу индивидуални признанија, рекорди, па неговото име има огромна тежина и самиот Стеф се смета себеси за еден од најдобрите плејмејкери во историјата на оваа игра.

- Морам да бидам во таа приказна. Дебатата треба да се води меѓу мене и Меџик Џонсон, - вели Стеф и додава:

- Кариерата и достигнувањата на Меџик се неверојатни. Фактот дека дури и се води разговор каде што моето име се споменува покрај неговото е нешто што никогаш не помислив дека ќе го доживеам, -порача ѕвездата на „вооините“.