Работник при извршување на градежни работи на кровот на аеродромот во Охрид паднал и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болница за понатамошно лекување.
Работник кој работел на кров на една од зградите на охридскиот работник паднал и се здобил со тешки повреди.
Според информациите на СВР-Охрид, вчера било пријавено дека, при извршување градежни работи на кров на една од зградите на Меѓународниот аеродром „Св.Апостол Павле“ во Охрид, паднал и со тешки телесни повреди се здобил еден работник, кој бил пренесен и задржан во болницата „Св.Еразмо“ на понатамошно лекување.
Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за З.П.(44) од Кавадарци. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.







