Почна доградбата на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во Хром

Макфакс

09/06/2026

12:30

189

Големина на фонт

а а а

Во Хром започна изградбата на нови училишни простории во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, со што ќе се обезбедат подобри услови за настава и проширување на капацитетите на училиштето.

Во населбата Хром, Општина Ѓорче Петров, денеска беше поставен камен-темелник за доградба на ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, во присуство на премиерот, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, претставници на локалната самоуправа, наставниот кадар, ученици и родители.

Со реализацијата на овој проект, училиштето ќе добие 8 нови училници и 770 метри квадратни нов училишен простор, со што значително ќе се подобрат условите за изведување на наставата и ќе се создадат можности за организирање на едносменска настава, велат од Општината.

„Ова е трето училиште во Општина Ѓорче Петров кое добива доградба во период од само еден месец, што претставува силен показател за посветеноста на општината кон унапредување на образованието и создавање современи услови за учениците и наставниците“, вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.