Јамал за лекцијата што ја научил: Добро е што Дембеле ја освои „Златната топка“…

Дерби

09/06/2026

11:57

282

Големина на фонт

а а а

Ламин Јамал се најде на списокот на шпанската репрезентација за настапот на Светското првенство, но останува да видиме кога ќе се врати и колку вистински ќе може да му помогне на националниот тим да ја оствари целта, а тоа е титулата.

Офанзивецот нема одиграно натпревар од 22 април, меѓутоа тренира, работи и според најавите постепено ќе влегува во предизвиците на СП, односно нема да биде стартер на првите мечеви за Шпанија.

Во меѓувреме тој се отвори на неколку интересни теми, а меѓу нив беше и трката за „Златната топка“. Тој остана зад Усман Дембеле во борбата за престижната награда во 2025 година, награда за која верувал дека ќе ја освои.

- Да бидам искрен, тој ден мислев дека ќе ја освојам. Искрено верувам дека беше добро за мене што Дембеле ја освои, за да можам да се развивам. Можеби не беше вистинско време за мене, - порача офанзивецот истакнувајќи дека искуството го натерало да направи промени во својот живот и да созрее како личност.