Гаел Клиши играше за Арсенал и Манчестер Сити, клубови со кои доживеа многу убави моменти, освои доста титули меѓу кои и три во Премиер лигата.
Клиши можеше да соработува со Арсен Венгер, а потоа и со Пеп Гвардиола, стратези кои оставија неизбришлива трага во своите клубови. Гаел воедно е и Французин и добро го познава и фудбалот во оваа земја, па од свој агол говореше за Рајан Шерки, офанзивецот кој ја комплетираше првата сезона како „граѓанин“ со 10 гола и 15 асистенции.
Шерки секогаш важел за голем талент, потенцијал, но имаше дилеми, прашалници како ќе се снајде под водство и во системот на Гвардиола.
- Работата со Пеп може или да ве изгради или да ве скрши. Всушност, тоа е едноставен избор – бидејќи ако го слушате и се одлучите за она што тој го сака, тогаш, со квалитетот што го има Рајан, имате добри шанси да станете одлични. Ако, од друга страна, не разбирате што сака Пеп и навистина не сакате да одите по негов пат, можете да ја прекинете таа врска.
- Рајан отсекогаш беше извонреден талент, во однос на неговиот квалитет, но треба да разберете дека фудбалот е повеќе од само посед на топката – треба да работите на вашата игра и кога немате посед. Секогаш мислев дека ако може да го направи тоа и да го додаде тоа на својата игра, тренерите ќе му веруваат – а потоа би можеле да зборуваме за играч кој ќе се приближи до Кевин де Брујне по својата статистика за постигнување голови, - порача Клиши за „Би-Би-Си“.







