Трамп не му донесе среќа на Њујорк, Сан Антонио го зададе првиот удар во НБА финалето

Дерби

09/06/2026

11:51

215

Големина на фонт

а а а

Доналд Трамп стана првиот американски претседател кој присуствувал на меч од финалето на НБА лигата, но неговото присуство не му донесе среќа на Њујорк Никс, тим за кого навива.

Имено Никси загубија од Сан Антонио Спарс во „Медисон Сквер Гарден“ со 115:111 и сега серијата станува уште поинтересна затоа што резултатот е 2-1.

Домаќините влегоа во ова соочување со огромна самодоверба, 13 победи во низа во плејофот од кои два на теренот на ривалот од финалето. Њујорк го доби првиот дел со 64:57, но подзастана во продолжението, клубот од Тексас тоа го искористи и дојде до супер значаeн триумф, врати еден брејк во серијата.

Вембањама беше во елемент со 32 поени, 8 скока, 6 асистенции, 2 украдени топки и 3 блокади, Касл со 23 кошеви беше зад него, а двоцифрени беа уште четворица играчи. Кај поразените Брансон реализираше 32 кошеви. Ануноби додаде 28 кошеви.