Пелистер погледана екипа од ПСЖ и Барселона во ЛШ

Дерби

09/06/2026

11:48

213

Големина на фонт

а а а

Пред нас е завршницата на ракометната Лига на шампионите, но пред фајналфор турнирот во Келн, „Дата Хендбол“ излезе со интересна статистика за посетеноста, гледаноста на сите екипи во натпреварувачката 2025/2026.

Се работи за домашните натпревари, а тука Еурофарм Пелистер кој беше македонски претставник имал поголема публика во просек од тимови како Пари Сен Жермен и Барселона.

Салата „Боро Чурлевски“ беше редовно распродадена и ако капацитетот беше поголем сигурно ќе имаше и плус луѓе на трибините, вака 3000 навивачи во просек што е доволно за единаесеттото место.

Зад клубот од Битола се споменатите ПСЖ и Барселона, плус ГОГ, Спортинг и Динамо Букурешт.

Севкупно гледано Нант е лидер со посетеност од 57,754 навивачи.