Поранешен играч на Милан ќе преземе клуб од Серија А

Дерби

09/06/2026

11:34

260

Големина на фонт

а а а

Поранешен играч на Милан е на добар пат да ја добие првата значајна тренерска работа во кариерата и да преземе клуб од италијанската Серија А.

Се работи за Игнасио Абате кој според медиумите од Апенините е на чекор од потпис со седумкратниот шампион Торино. Абате ја добил битката со поискусни имиња како Јуриќ, Ди Франческо и Џилардино, односно ова ќе му биде добра можност да покаже што знае и умее во првата италијанска лига.

Тој добро ја водеше Јуве Стабија во Серија Б во претходнава сезона, поточно ја одведе до седмото место на табелата. Претходно работеше во младите категории на Милан и во редовите на Тернана.