Поранешниот француски репрезентативец, Оливие Жиру ќе го прослави 40 роденден на крајот на месец септември, но тоа ќе го направи како активен фудбалер и тоа во дресот на Лил.
Имено напаѓачот ги прифати условите на клубот и потпиша нов едногодишен договор со францускиот прволигаш и сигурно ќе биде од значајна помош за новиот тренер Давиде Анчелоти.
- Многу сум среќен што ја продолжувам авантурата тука. Пред една година, кога пристигнав во Лил, тоа не беше нешто што беше целосно испланирано, ако можам така да кажам. И се испостави дека сум многу среќен тука; се чувствувам како дома. Бев многу среќен што се вратив во Франција и Лига 1 откако ја напуштив 13 години претходно.
- Бев поблизок до моето семејство и ја открив топлината на луѓето во овој регион што не ги познавав. Добредојдето што го добив на Северот, но и вредностите на луѓето, кои ги споделувам, навистина ми се допаднаа.“ По неколку недели, се чувствував како дел од семејството. Интеграцијата беше беспрекорна. Тоа е чиста радост, - истакна Жиру кој даде коментар и за изминатава сезона.
- Постигнав 11 гола. Во мојата прва година во Лига 1, мислам дека исто така постигнав 11 (всушност 12). Значи, не ви ветувам дека следната сезона ќе завршам како најдобар стрелец и дека ќе ја освоиме лигата, како што направивме во мојата втора сезона во Лига 1 со Монпелје, но сепак, внимавајте (се смее). Посериозно, малку сум постар од 2012 година, но сè уште се чувствувам одлично и многу среќен во Лил, - порача Французинот.







