Голманот на Перу си постигна комичен автогол, Шпанија го положи последниот тест пред СП

Дерби

09/06/2026

11:32

183

Големина на фонт

а а а

Репрезентацијата на Шпанија ја оправда улогата на фаворит и славеше над Перу со 3-1 во последниот тест натпревар пред Светското првенство на кое влегува како еден од главните кандидати за титулата.

Ојарзабал постигна убав гол во првиот дел, период во кој во листата на стрелци се запиша и Педри. Во второто полувреме или поточно во 53 минута комичен автогол си постигна перуанскиот голман Галјесе, додека конечниот резултат го постави Велез во 66 минута.

„Црвената фурија“ првиот натпревар на мундијалот го игра на 15 мај против Зелено’ртски Острови , а потоа ќе ги одмери силите и со Саудиска Арабија и Уругвај.