По големиот успех кој го оствари Шкотска со пласман на Светското првенство, Енди Робертсон се потсети на Диого Жота и најави дека во себе ќе го носи и својот починат брат на мундијалот кој следи, а сега на неколку дена пред стартот на големиот турнир, вдовицата на португалскиот фудбалер испрати емотивно писмо до Шкотланѓанецот.
Рут Кардозо му напиша писмо на левиот бек и му се обрати со многу емоции во пресрет на најголемиот фудбалски настан, а ФИФА како тело кое го проследи писмото до дефанзивецот, побара од него и јавно да го прочита.
– Ти пишувам со срце полно со копнеж, благодарност и пред сè, гордост. Диого често зборуваше за тебе. За пријателството што го изградивте, битките што ги водевте заедно, предизвиците, смеата, разговорите за фудбалот, но и за соништата.
– Светското првенство беше еден од тие соништа, сон што вие двајца го негувавте, еден до друг, со истата страст со која излеговте на теренот. Кога ги слушнав твоите зборови и дознав што чувствуваше тој ден кога Шкотска се квалификуваше за Светското првенство, по толку години чекање, сфатив дека Диого никогаш навистина не го напушти теренот.
– Со постигнувањето во тој момент и обезбедувањето на твоето место на Светското првенство, нема да одиш сам. Ќе го понесеш и неговиот сон со себе. И кога ќе стапнеш на теренот, знам дека нема да бидеш само ти тој што ќе излезе, Диого ќе биде со тебе во твоите мисли, во твоите чекори, во твоето срце. Значи, денес сакам да ти се заблагодарам. Ти благодарам што не го заборави. Ти благодарам што го понесе со себе. Ти благодарам што ја претвори болката од загубата во сила и во нешто толку убаво.
– Така правиме и ние по дома, секој ден. Тој бил, е и ќе остане неверојатно горд на тебе. Негувај го тој сон Енди. Живеј го за себе и за него, – гласи срцепарателната порака на Рут.
Робертсон и Жота како верни пријатели од Ливерпул често зборуваа за толку посакуван настап на Светско првенство, турнир кој Енди сега ќе го одигра за себе и за Диого, откако Португалецот во 2022-ра година не настапи поради повреда.
"A dream that the two of you nurtured side by side." 🏴✉️
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) June 8, 2026
Andy Robertson won't be walking alone at the #FIFAWorldCup 2026. 🏴🫶🇵🇹









