Вежба на МВР во Грачани, апел до граѓаните да ги почитуваат насоките на полицајците

Макфакс

09/06/2026

11:20

183

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи најавува симулациска вежба во село Грачани, скопско, со цел да се обезбеди безбедност, апелирајќи до граѓаните да ги почитуваат насоките на полицајците за време на активностите на терен.

Министерството за внатрешни работи извести дека утре (10.06.2026), во периодот од 12:00 до 13:00 часот, во атарот на село Грачани, скопско, ќе се спроведе симулациска вежба.

За потребите на вежбата на терен ќе бидат ангажирани полициски службеници и службени возила, поради што е можно зголемено присуство на припадници на безбедносните служби во наведениот реон.

Апелираме до граѓаните кои ќе се најдат во близина да ги почитуваат насоките на службените лица“, велат од МВР.