Еден играч на Барса не можеше да ги сокрие солзите поради Левандовски: Обично не сум емотивна личност, но ова е тешко за мене

Дерби

24/05/2026

14:40

280

Големина на фонт

а а а

Роберт Левандовски вчера го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона и се одјави со гол на „Месталја“, погодок кој сепак не беше доволен неговиот тим да извлече поволен резултат против Валенсија.

Незаинтересираниот гостин на крајот загуби со 3:1 на натпревар на кој немаше никакво резултатско значење за каталонците, но Леви барем успеа да се одјави онака какошто му доликува, односно со гол во мрежата на нашиот Столе Димитриевски.

Полјакот по последниот судиски свиреж со солзи во очите ги поздрави фановите на Барселона, но емотивен и со солзи во очите беше и неговиот соиграч, Пабло Гави.

Заминувањето на Леви најтешко му паѓа на Гави, фудбалер кој во овие неколку години минати заедно, во Левандовски пронајде фигура од која може да добива разни соверти.

– Не сум особено емотивна личност, но вечерва не можам да лажам… Ова ме боли. Многу ми е тешко да го видам Левандовски како си заминува. Се обидов да ги сопрам солзите, се обидов да останам силен, но воопшто не е лесно. Тој беше еден од луѓето што помогнаа да ми се врати верата послте тешките повреди. Од првиот ден, се однесуваше како лидер, некој што разбираше што значи овој грб и што е потребно за да се бориш за него.

– Никогаш не беше само соиграч. Стана пријател, постар брат и искрено, некој од кого научив толку многу секој ден. Многу луѓе не го гледаат човекот што е зад сцената. Празнината што ја остава во овој клуб ќе треба долго време да се пополни, бидејќи неговото влијание отиде многу подалеку од фудбалот. Навистина не знам што друго да кажам, тешко е да се прифати дека си заминува, но секогаш ќе бидам благодарен што имав можност да ја делам соблекувална со него, – порача Гави.