Чаби Алонсо неочекувано брзо ја заврши етапата во Реал Мадрид, но шпанскиот стручњак е ценет на пазарот особено по она што го направи со Баер Леверкузен и веќе договори нов ангажман и тоа во редовите на Челси.
Алонсо од следната сезона ќе го гледаме на клупата на „сините“ кои нема по добро да ја паметата натпреварувачката 2025/2026 што значи дека некогашниот ас на Реал, Баерн Минхен и Реал Сосиедад го очекува сериозен предизвик на „Стемфорд Бриџ“.
„Сините“ дефинитивно останаа без место во ЛШ, а можат да останат и без пласман во Европа што секако носи последици на финансиски план, па дел од играчите можат да бидат продадени. Се споменуваат Жоао Педро, Енцо Фернандез, Марк Кукуреља…па Чаби доби можност да даде краток коментар.
- Челси има играчи што ги сака половина Европа. Жоао Педро, кого Барса се чини дека го бара, претпоставувам дека нема да сакате да го пуштите. Енцо Фернандез, Марк Кукурела…вели новинарот на што новиот тренер на премиерлигашот одговара:
- Па…тоа е фудбалот, ќе направиме добар тим, - порача Чаби кој смета дека ова е добар проект.
✅🔵 "El CHELSEA es un PROYECTO BONITO, es MUY BUENA OPCIÓN".
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) May 20, 2026
😉 "¿Rumores de salidas? Haremos un BUEN EQUIPO".
🚨 Xabi Alonso, EN EXCLUSIVA con @marcosbenito9. pic.twitter.com/blk6Fml7tG







