Луис Енрике нема дилеми кој е најдобар тренер во историјата: Еден ден ќе почне да игра со стопери на голот и сите ќе почнат да го копираат!

Дерби

22/05/2026

13:41

1.128

Големина на фонт

а а а

Луис Енрике се подготвува за свое второ финале во низа со ПСЖ во Лигата на шампионите, а во една од најавите кои ги направи за „Мовистар плус“, тренерот на ПСЖ се осврна и на тема која нема никаква врска со завршницата во најелитното натпреварување.

Една од топ темите во фудбалска Европа се гласините за заминувањето на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, но Луис Енрике како негов колега и искрен фудбалски фан, се надева дека тоа не е вистина.

– Не верувам дека ќе си оди и дека ќе направи пауза, го велам ова и бидејќи не сакам да верувам во тоа. Би сакал да го гледам уште многу години во фудбалот.

– Би сакал да го гледам Пеп уште многу години на местот на кое е сега, на највисоко ниво. Не го велам ова поради трофеите, тоа е најмалку важно, го велам тоа поради тоа што го пренесува поради тоа што е најдобриот тренер во историјата.

– Тој ја промени играта, се осмели да ги игра централните стопер и крилните бекови во средина. Еден ден ќе ги стави стоперите на голот и сите ќе почнат да го копираат. Тој капацитет го имаат само избраните од Бог и во тој поглед тој е број еден, – изјави Луис Енрике.