Барселона има проблеми со Роналд Араухо и засега не е познато која интернационалец од Уругвај ќе се врати на терените.
Клубот му даде простор и време да го надмине проблемот (менталното здравје) со кој се соочува, а тоа го остави тренерот Ханси Флик без една опција во дефанзивната линија.
Араухо под водство на Флик игра само како стопер, па еден медиум излезе со вест дека Жил Кунде сакал да ја искористи оваа нова ситуација и разговарал со тренерот за да ја промени позицијата на теренот, односно побарал да игра како централен дефанзивец.
Ова донесе реакција од самиот Французин на социјалните мрежи каде директно порача дека се работи за лага.
Инаку Барса на стоперската позиција сега нема премногу опции, заминувањето на Ињиго Мартинез не беше покриено, сега отсутен е Араухо за кого не се знае кога ќе биде подготвен, па Жерард Мартин добива шанса да игра како стопер заедно со Кубарси, Гарсија и Кристенсен.
https://t.co/svVX6MVYns pic.twitter.com/oEGfqfWhYh
— Jules Kounde (@jkeey4) December 8, 2025







