Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул беа тимовите за кои најмногу се говореше како фаворити за титулата во Премиер лигата пред стартот на оваа сезона, но од тие првични прогнози дефинитивно отпаднаа „црвените“ кои веќе по 15. кола имат двоцифрена негатива во однос на лидерот од северен Лондон.
Ливерпул има и други проблеми и како што минува времето станува се поочигледно дека ќе биде скоро невозможно да ја одбранат титулата, но затоа од друга страна имама една екипа која никој не очекуваша дека ќе биде „залепена“ до „топчиите“ и „граѓаните“-тоа е Астон Вила.
Клубот од Бирмингем е квалитетен, меѓутоа имаше очаен старт на сезоната за да потоа направи неверојатен пресврт, серија на одлични резултати кои кулминираа минатиов викенд кога го добија и Арсенал со 2-1.
Овој успех донесе прашања за тоа дали избраниците на Емери се кандидати и за пехарот, тема на која својот став го даде легендарниот Алан Ширер.
- Неверојатно. Беа извонредни. Беше одличен натпревар, навистина беше од почеток до крај и имаше многу за што да се зборува. Ама Вила, вау, имаа толку многу импресивни настапи. Беа брилијантни на целиот терен. Тие му дадоа на Арсенал навистина добра игра, навистина, навистина уживав во неа и дали сега треба да зборуваме за Вила како кандидат за титулата? Бидејќи никој досега не го спомнал за титулата, - истакна Алан и додаде:
- Не мислам дека ќе триумфираат, но мора да се вклучат во разговорот. Не очекувам нивната брилијантна серија да продолжи. Не знам… но мора да се зборува за нив поради начинот на кој играат, резултатите што ги постигнуваат и колку се конзистентни. Тоа е импресивното нешто, по почетокот на сезоната, колку масовно се подобрија.
- Знам дека Арсенал имаше повреди и дека двајцата централни дефанзивци ги немаше и сè тоа. Но, Астон Вила одигра врвен меч против врвен тим и затоа мора да ги имате во разговорот, - заклучи најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата.











