Арсенал до пред неколку рунди изгледаше како перфектен тим кој се издвојува како апсолутен фаворит за титулата во Премиер лигата, но какошто одминува времето, полека се добива впечаток дека милениците на Микел Артета се уште не го даваат најдоброто од себе на големите натпревари.
„Топчиите“ веќе немаа така убедлива позитива и Манчестер Сити дојде на само „минус два“, но во оваа фаза од сезоната се заканува и Астон Вила која со победата во саботата дојде на три бода од лидерот на табелата.
Поразот од Астон Вила во драматични услови го натера Пол Сколс да испорача еден суров заклучок за реалноста со која се соочува Арсенал од стартот на сезоната, а која ако не се промени, според него ќе биде погубна во обидот да се стигне до толку посакуваната титула после повеќе од две децении.
– Манчестер Сити сега изгледа како тим кој има добри шанси за титулата. Се уште не ми изгледаат баш најдобро, но Сити секогаш е подобар во вториот дел од сезоната, а лошата работа со Арсенал е што не можат да победат на големите натпревари.
– Нема шанси да ја освојат титулата се додека не се промени една работа. Со додека не почнат да победуваат на големите натпревари, тие немаат шанси да ја освојат Премиер лигата. Загубија од Ливерпул, не го победија Сити на домашен терен кога „граѓаните“ не изгледаа добро, загубија од Астон Вила, а не го победија и Челси кој играше со 10 играчи. Арсенал не победува на големите натпревари, а мора да почне да го прави тоа, мора да ги победува ривалите за да стигне до титулата. Сити историски е подобар од јануари натаму и очекувам тоа да биде така и во Новата година, – изјави Сколс.







