Намирница која во организмот се однесува како „метла“: Доволна е само една лажица за да ги исчисти цревата и да го намали холестеролот

Точка

07/12/2025

10:15

3.049

Големина на фонт

а а а

Современиот начин на живот, обележан со долготрајно седење, брзи оброци и индустриски преработена храна сиромашна со растителни влакна, сѐ почесто води кон забавен дигестивен систем и хронични тегоби.

По периодот на прејадување, празничните трпези богати со масти и шеќери, физичката активност често паѓа во втор план, а на цревата им е потребна дополнителна поддршка.

Кога правилната исхрана и поголемото движење не се доволни, решението често се крие во природните препарати, а еден од најделотворните е псилиумот.


Што е псилиум?

Псилиумот е растение познато по своите ситни семки, чии лушпи се користат како природен извор на растворливи влакна. Тие делуваат како „метла“ во цревата, впивајќи ја водата.

Што содржи?

Растворливите влакна ја врзуваат водата и ја омекнуваат столицата.

Хемиските споеви арабиноза, ксилоза и рамноза се одговорни за високиот вискозитет.

Микроелементите како калиум, магнезиум и железо ги има во изобилство.

Содржи и незаситени масни киселини во помали количини.

Содржи и мала количина протеини и јаглехидрати.

Како се користи?

Псилиумот се користи многу едноставно, но со едно правило – секогаш треба да ги консумирате со доволна количина течност.

Во чаша ставете 200-250 милилитри вода, јогурт или растително млеко. Додадете една лажица псилиум (околу 5 грама). Помешајте и испијте ја течноста веднаш штом згусне. Потоа испијте уште една чаша вода.


За што е добар псилиумот?

- Го забрзува нормалното празнење на цревата.

- Ја намалува надуеноста.

- Придонесува во регулирање на телесната тежина, дава чувство на ситост и го намалува прејадувањето.

- Помага во контролата на шеќерот во крвта.

- Го намалува лошиот холестерол.

- Го подобрува здравјето на цревата и микробиомите затоа што растителните влакна ги хранат добрите бактерии.

- Може да биде корисен при појава на хемороиди.