Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка

A1ON.MK

02/12/2025

19:11

398

Големина на фонт

а а а

Уставната судијка Јадранка Дабовиќ-Анастасовска поднесе оставка, која ја образложи со лични и семејни причини.

Во писмото до Собранието, судијката наведува дека промени од втората половина на годината, од семејна природа, ја натерале да донесе одлука да се повлече од функцијата.

„Вршењето на функцијата судија на Уставниот суд за мене беше голема чест и одговорност. Се трудев да ја извршувам функцијата одговорно, со посветеност и професионалност. Но, поради непредвидените околности, сметам дека нема да можам да работам на предмети со целиот свој капацитет, кои најчесто не се од мојата потесна професионална определба на која сум се усовршувала цели 40 години“ – пишува Дабовиќ-Анастасовска.

Таа информира дека од 1 јануари 2026 година се враќа на професорската позиција на Правниот факултет при УКИМ.

Со заминувањето на Дабовиќ-Анастасовска, Уставниот суд останува со седум судии, што може да го отежни процесот на одлучување во наредниот период.