Сопствениците на вдоменото маче Марти пред три дена споделија снимка од неговата прва средба со снег, која многу брзо стана вирална.
Краткото видео го прикажува Марти како воодушевено скока по снегот што паднал на терасата, притоа оставајќи преслатки отпечатоци од своите шепи. Неговиот сопственик во описот на видеото напишал: „Марти го сака снегот повеќе од мене“.
Марти бил пронајден на паркинг
Марти живее со своите сопственици во канадската провинција Квебек. Тие во друго видео открија дека Марти бил пронајден на паркинг, каде што се криел под автомобил. Во слободно време сака да ги „лови“ стапалата на своите сопственици и да гледа хокеј.
Снимката од првата средба на Марти со снегот собра дури 4,5 милиони прегледи и повеќе од две илјади коментари. „Ау, пресладок е“, „Отпечатоците од неговите шепички изгледаат како нешто од филм на Disney“, „Какво слатко маче“, „Преслатки шепички“, „Зошто се мачките толку слатки?“, се само некои од коментарите.






