Огромна риба за која малку се знае и која ретко се среќава, е снимена во Јадранското Море.
На социјалните мрежи се појави снимка од голема "Mola mola", ретка вид риба која живее во потоплите мориња, а понекогаш знае да залута и во Јадранот.
Оваа импресивна риба е сплескана по форма и долга над 2 метра. Не е постојан жител на Јадранското Море, туку се смета за повремен посетител кој многу ретко се забележува.
👇TAJNOVITI DIV JADRANA 👇Na otvorenom moru kod Savudrije uočen ova divovska riba: "Veća je od dva metra!"
Posted by Morski HR on Sunday 30 November 2025
Оваа риба неодамна била снимен во јадранските води, во близина на Умаг.
Рибарите го овековечиле овој несекојдневен момент, а многумина во коментарите веднаш препознале за која риба станува збор.
Џиновската "Mola mola" е најтешката меѓу сите риби со коски. Може да достигне должина до 4,3 метри и ширина до 3 метри, и да тежи речиси 2.300 килограми.

Бидејќи задната перка на оваа риба никогаш не расте како кај другите риби, нејзиното тело има форма на куршум и изгледа како бавна, пливачка „чинија“.
"Mola mola" е позната и како океанска сончева риба. Се среќава во сите океани во светот. Се смета за еволутивно напредна, но научниците и понатаму знаат релативно малку за оваа фасцинантна риба со коски, пишува "Live Science".







