Еурофарм Пелистер има тежок распоред како единствен македонски претставник во Лигата на шампиони, а откако изминатиов викенд упропстасти „добиен меч“ против Алкалоид во домашното првенство, ракометниот првак сега повторно се насочува кон европски предизвик.
Претходно, „зелено-белите“ претрпеа тежок пораз од Пик Сегед во најелитното натпреварување и претрпеа седми пораз, но сега на ред можеби е и клучниот натпревар од групата фаза, бидејќи тимот на Рубен Гарабаја гостува кај последнопласираниот тим.
Загреб ќе го пречека Еурофарм Пелистер утревечер во 18:45 часот, а Гарабаја е свесен дека противникот ќе има посебен мотив за докажување, особено откако хрватскиот првак го промени тренерот.
– Загреб игра со голема мотивација откако доби нов тренре. Играа одично против Сегед и станува збор за тим кој не се откажува никогаш. Очекувам тежок натпревар, и тие имаат исти надежи како нас. И тие ќе сакат победа, но ние треба да пристапиме со авторитет.
– Имаме тежок распоред, имаме малку време за одмор, но се подготвуваме најдобро што можеме. Следат важни натпреварии сакаме да се прикажеме во најдобро светло. Играме и во домашното првенство и во Лигата на шампиони, но не смееме да се жалиме. Знаевме дека ќе имаме кратка пауза пред мечот со Загреб, но планот е да одиме таму и да одиграме квалитетно за победа, – изјави Гарабаја.







