Извршниот директор на „Tesla“, Илон Маск, изјавил дека САД имале голема корист од индиските таленти, но предупредил дека некои американски компании ја претвориле програмата виза H-1B во механизам за евтино вработување на странски работници, пишува „CNBC“.
Појавувајќи се во поткастот на индискиот претприемач Никила Камата, Маск нагласил дека неговите компании се потпираат на визата H-1B исклучиво за да го пополнат „реалниот недостаток на исклучително талентирани луѓе“, додека пак другите компании, како што вели тој, вработуваат странци за дел од цената на американските работници.
Прашањето за визата H-1B, повторно дошло во прв план во американската политика откако претседателот Доналд Трамп во септември ја зголемил таксата за виза на 100.000 долари – потег којшто особено ги погодил индиските професионалци кои чинат над 70 отсто од сите носители на виза. Меѓутоа, Трамп неодамна го ублажил својот став, велејќи дека понекогаш потребно е да „се воведат таленти кои едноставно не постојат во САД“.

Лоша идеја
Маск смета дека крајот на H-1B програмата би бил неразумен. Изјавил дека таквата одлука би била многу лоша, истакнувајќи ја важноста на контролираниот, но отворен пристап на глобалните таленти. Говорејќи за својот однос со претседателот којшто се стабилизирал по спорот на почетокот на годинава, Маск исто така предупредил на американската политика на воведување на тарифа.
Иако некогаш бил близок сојузник на Трамп, тврди дека не успеал да го разубеди претседателот во неговиот протекционистички пристап.
„Слободата на тргување е генерално подобра. Тарифите се искривуваат на пазарот. Ако тарифите во внатрешноста на САД се катастрофа, зошто тогаш би биле добри меѓу земјите“, изјавил Трамп.
Администрацијата на Трамп во последниве месеци вовела низа „реципрочни“ тарифи против десеттина земји иако некои успеале да постигнат одговор за нивно намалување.
Во поопуштениот дел од разговорот, Маск зборувал и за својата визија за иднината. Според неговите предвидувања, за помалку од 20-на години, работата би можела да стане опционална, додека пак парите како концепт би можеле да исчезнат.

„Енергијата е вистинска валута. Затоа реков дека биткоинот е заснован на енергија. Енергијата не може да се регулира“, изјавил тој.
Неговите коментари следеле во момент кога биткоинот и другите криптовалути забележале нагол пад на вредноста во последните два месеци, што одразува доверба на инвеститорите во дигиталниот имот.











