Араухо побарал да биде недостапен за Барса на неодредено време поради проблем со „невидливиот непријател“

Дерби

02/12/2025

08:53

360

Големина на фонт

а а а

Роналд Араухо повторно се најде на удар и доби доста кртики по црвениот картон кој го заработи со Челси во Лигата на шампиони, а оттогаш, Уругаецот не одработи ниту еден тренинг со првиот тим на Барселона.

Во најавата за натпреварот со Алавес во Ла Лига, стоперот беше изоставен од комбинација за настап поради стомачен вирус, но сега испадна дека станува збор за нешто посериозно, односно проблем со „невидливиот пријател“ кој влијае врз психата на фудбалерите.

Поради лоша психолошката состојба и проблеми со менталното здравје, Араухо во текот на вчерашниот ден побарал итен состанок меѓу неговите агенти и одговорните луѓе на Барселона, по што било побарано дефанзивецот да не се појавува на тренинзите одреден период.

Поради нарушено ментално здравје, Араухо не се чувствува способен да биде стандарден дел од тренинзите, а за да не влијае негативно врз резултатите на тимот, бара на неодредно време да биде надвор од комбинација за настап, се додека не си ја реши психолошката состојба.

Барселона како клуб целосно ја сфатила проблематиката и го прифаќа оправданото отсутво на својот стопер, при што му ја нуди и целата поддршка за надминување на непријатната психолошка состојба.

Како што јавуваат угледните „Мундо Депортиво“ и „Спорт“, Араухо нема да биде достапен за Ханси Флик барем десетина дена, по што ќе се прави нова проценка и евалуација на неговата состојба.