Фернандез гледа пет екипи во борбата за пехарот во Премиер лигата

Дерби

02/12/2025

08:04

387

Големина на фонт

а а а

Членот на Челси, Енцо Фернандез издвои дури пет екипи кои според него се во трка за пехарот во Премиер лигата во натпреварувачката 2025/2026.

Многумина експерти, аналитичари го стеснија кругот на две до три екипи, поточно ги посакуваат Манчестер Сити, некој и Челси како тимови кои би можеле да го предизвикаат Арсенал кој покажа најмногу во досегашните 13. кола.

Меѓутоа според Енцо не се отпишани ниту Ливерпул, а и Манчестер Јунајтед.

-Секако дека сме претенденти за титулата. Оваа сезона има многу претенденти: Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед. Сите тимови се борат за врвот. Има некои многу силни тимови од Премиер лигата. Арсенал исто така игра навистина добро со години. Ливерпул е одличен тим. Нема да изберам еден бидејќи сите се добри, -вели Енцо кој смета дека како група можат да го нападнат трофејот и во ЛШ.

-Знаеме дека Лигата на шампионите е многу тешка. Ќе се обидеме да стигнеме до финалето, што е она што го заслужуваме како клуб. Играме добро, па затоа сме способни да бидеме токму таму, -порача Аргентинецот.