Исак ги предупреди соиграчите откако стави крај на црната голгетерска серија

Дерби

01/12/2025

13:10

281

Големина на фонт

а а а

Александер Исак ја прекина црната серија од девет натпревари на кои не постигна гол, а неговиот погодок вчера против Вест Хем беше многу важен за прекинување на една лоша низа во која западна и тимот.

Најскапото летно засилување дефинитивно не ги оправдува очекувањата на стартот на авантурата во Ливерпул и се мачи да ја пронајде посакуваната форма, но откако го постигна првиот гол на десет натпревари за својот тим, Исак призна дека сè уште е во потрага по ритамот кој го красеше изминатите сезони.

– Свесен сум дека долго се чекаше на овој гол, но се наоѓам во фаза кога сум во потрага по својата најдобра форма. Се уште сум во тој процес, но среќен сум што постигнав гол и што му помогнав на тимот.

– Најдоброто чувство е тоа што победивме, покажавме добар тимски дух и тоа е добро за целата група. Од моја гледна точка, како напаѓач јасно е дека живеам од погодоците, па ова ќе ми помогне за тоа што следи, – изјави Исак, кој сепак ги предупреди соиграчите.

– Треба да ја искористиме оваа победа за да почнеме нешто добро, но треба да останеме скромни и понизни во ова тешко време. Една победа не значи дека сме се вратиле на прав пат, мора да останеме фокусирани и да продолжиме да работиме како во изминатите неколку дена. Така ќе имаме повеќе шанси да го искористиме моментумот, – изјави Исак.