Во коментарите, едни се воодушевени од тоа колку далеку е стигната технологијата и замислуваат идни виртуелни турнири, додека други предупредуваат дека ваквите клипови лесно можат да ја збунат публиката
На "Instagram" се појави AI-генерирано видео од тениски меч што изгледа како исечок од пренос на „Eurosport“. На втор поглед, сепак, не баш. Во коментарите луѓето жестоко расправаат каде завршува вистинскиот спорт, а каде почнуваат целосно вештачките снимки.
На "Reels" се прошири кратко "AI" видео од тенис кое е направено од почеток до крај со вештачка интелигенција, а на првото гледање изгледа како сосема обичен "highlight" од меч. Двајца играчи на земјена подлога, камери од различни агли, публика, рефлектори и флуидни анимации на ударите — целосен „80s vibe“. Дури кога ќе се погледнат подобро лицата на играчите и нивните движења, станува јасно дека нешто „не е како што треба“ и дека станува збор за "AI"-генерирана снимка, а не за вистински натпревар.
Во коментарите, едни се воодушевени од тоа колку далеку е стигната технологијата и замислуваат идни виртуелни турнири, додека други предупредуваат дека ваквите клипови лесно можат да ја збунат публиката и да ја замаглат границата меѓу спорт, игра и "deepfake"-содржина. Едно е сигурно: ако AI веќе денес може толку убедливо да „одглуми“ тенис, слични генерирани снимки многу брзо ќе почнеме да ги гледаме и за други спортови, реклами, па можеби и „лажни“ преноси што ќе стануваат сè потешки за разликување од реалноста.










