„Пеницилин супа“ во која Италијанците се колнат: Грее и помага при настинки, а содржи и состојка која Македонците не би ја ставиле ниту во лудило

Точка

14/11/2025

18:29

970

Големина на фонт

а а а

Пастина супа е едноставна италијанска супа, која често се нарекува и „италијански пеницилин“, бидејќи велат дека грее и помага при настинка.

Кога ви треба нешто што го загрева телото и душата, оваа супа делува како топла прегратка. Богата со хранливи состојки и класични италијански вкусови, пастина е комбинација од пилешка супа, пилешко месо, зеленчук, тестенини, зачини, но и пармезан, кој во Македонија ретко кој би го замислил во супа. Резултатот е ароматичен и заситувачки оброк кој лесно може да стане редовен на вашата трпеза.

Италијанците ја подготвуваат оваа супа кога сакаат нешто топло, хранливо и утешно, особено за време на настинка или во студени денови. Оваа супа не само што го зајакнува имунитетот, туку и го носи вкусот на домот и семејното заедништво, која е сржта на италијанската гастрономија, пишува „Tportal“ и го дава рецептот.


Потребни состојки:

• 4 лажици (околу 60 мл) екстра девствено маслиново масло;

• 1 лажица (околу 15 г) путер;

• 1 голем кромид, ситно исечкан;

• 1 шалот (љутика), ситно исечкан;

• 6 стебленца целер, ситно исечкани;

• 4 чешниња лук, ситно исечкани;

• 5–6 средни моркови, ситно исечкани;

• 1 кора пармезан, дава посебен вкус на супата;

• 8 чаши пилешка супа (околу 1,9 литри);

• 1/3 чаша (околу 55 г) кратка паста „pastina“, „acini di pepe“ или друга кратка паста;

• 2–3 чаши (околу 250–375 г) исечкано варено или печено пилешко;

• Пармезан, за рендање одозгора;

• Ситно исечкан магдонос, за посипување.


Подготовка:

Прво, темелно измијте го зеленчукот под млаз ладна вода. Во тенџере со дебело дно, загрејте го путерот и маслиновото масло на средна температура. Кога маснотијата ќе се загрее, додадете го ситно исечканиот кромид, кромидот и целерот. Гответе, мешајќи повремено, 3 до 5 минути, додека зеленчукот не омекне.

Во меѓувреме, излупете ги и ситно исечкајте ги морковите и исечкајте го лукот. Кога кромидот и целерот ќе почнат да добиваат златно-кафеава боја, додадете го лукот и гответе околу три минути, додека не замирисаат. Истурете го пилешкиот фонд (околу 1,9 литри). Ако претходно сте го зготвиле пилешкото, можете да користите дел од водата (околу четири до пет чаши) како дел од фондот. Додадете ги исецканите моркови и пармезанот, доведете ја супата до вриење, потоа намалете ја топлината и варете на тивок оган 15 до 20 минути.

Кога супата ќе се свари, тргнете го тенџерето од оган и оставете настрана околу две чаши зеленчук, кој подоцна ќе го вратите во супата. Изблендирајте го остатокот од супата со рачен блендер додека не добиете целосно мазна смеса, внимавајќи целосно да ја изблендирате кората од пармезан.


Додајте ги тестенините (околу 55 грама) во измешаната супа и вратете го тенџерето на оган. Гответе додека тестенините не омекнат, околу девет минути. Кога ќе бидат речиси сварени, додадете го претходно одвоениот зеленчук и исечканото пилешко и добро измешајте сè.

Покријте и оставете ја супата да отстои околу дваесет минути за да се спојат вкусовите и малку да се згуснат. Сервирајте ја топла, наросена со свежо рендан пармезан и сечкан магдонос.


На здравје!