[ВИДЕО] За 67-от роденден за првпат му приредиле роденденска прослава – неговата реакција го топи срцето

Точка

14/11/2025

11:09

1.381

Големина на фонт

а а а

Едно видео на ТикТок разнежи многумина и брзо стана вирално. Во рамките на предизвикот „Late night finds“, една корисничка сподели снимка од својот дедо за време на прославата на неговиот 67-ми роденден.

Она што ги разнежи сите е фактот дека ова била неговата прва роденденска прослава во животот.

Снимка која ги топи срцата

Неговата емотивна реакција е прегледана повеќе од 8 милиони пати и собра речиси 2 милиони лајкови.


Во коментарите, 67-годишникот добил многу честитки и убави желби, а креаторката на видеото откри дека тоа го допрело уште повеќе: „Луѓе, ми кажа да ви се заблагодарам на сите за честитките! Буквално е пресреќен поради коментарите“.

Покрај тоа, многумина се запрашале зошто ова е неговата прва роденденска прослава во животот, а снимката разнежи бројни корисници.

„Ме потсети на мојот дедо“, „Пресладок е“, „Погледнете како само стоел“, „Само што се разбудив, а ти ме расплака“, „Изгледа толку среќно“, се само дел од коментарите под видеото.