[ФОТО] Уште едно „одмаздничко“ издание: Пејачката во проѕирен фустан порача дека го преболела неверниот поранешен сопруг

Точка

14/11/2025

09:40

1.890

Големина на фонт

а а а

Лили Ален, по тешкиот период, во смело издание порача дека продолжила понатаму со животот и го преболела поранешниот сопруг Дејвид Харбор, со кој беше во брак четири години.

Пејачката и актерка Лили Ален ги изненади сите на премиерата на претставата „Hunger Games: On Stage“ во Лондон, појавувајќи се во провокативна модна комбинација – и тоа по разводот од Дејвид Харбор.


Со ова издание таа сакала да покаже дека животот не застанал и дека продолжува понатаму по љубовниот бродолом, а смелата комбинација ја стави во самиот центар на вниманието. Таа носела полупроѕирен црн макси фустан кој буквално ја следел нејзината витка линија, а кога се завртела, ги покажала црните танга гаќички кои ги носела.

Фустанот во горниот дел имал поставa која ги покривала нејзините голи гради, но долниот дел оставал многу малку на фантазијата, па оваа смела креација и нејзиниот изглед брзо станаа тема на коментари на социјалните мрежи.


На нозете носела црни платформи, а целокупниот стајлинг го нагласила со едноставна шминка и лежерно собрана коса.

Ален овие денови го промовира својот нов албум „West End Girl“, кој го сними по разводот и во кој открива детали за крахот на четиригодишниот брак. Според пишувањата на медиумите, поранешниот сопруг ја изневерувал три години со помлада колешка, а таа во интервју за британскиот „Vogue“ изјави дека било ужасно да се проживуваат сите тие емоции и да не можат да се ублажат.


Претходно, Лили се појави на престижната церемонија на CFDA наградите во Њујорк. На овој настан пристигнала во провокативна бела комбинација што се состоела од свилено долго здолниште и бел, проѕирен градник – уште еден изглед кој многумина го нарекоа дел од нејзината „одмаздничка ера“.