Хегсет: САД објавија мисија за „чистење“ на западната хемисфера од наркотерористи

Макфакс

14/11/2025

09:19

194

Големина на фонт

а а а

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека САД ќе започнат нова мисија наречена „Операција Јужно копје“ насочена кон елиминирање на наркотерористите од нивната хемисфера.

„Претседателот Трамп ја нареди акцијата, а Министерството за одбрана ја спроведува“, рече Хегсет на платформата X.

„Предводена од Заедничката оперативна команда „Јужно копје“ и @SOUTHCOM, оваа мисија ја брани нашата татковина, ги отстранува наркотерористите од нашата хемисфера и ги штити САД од дрогата што ги убива нашите граѓани. Западната хемисфера е соседство на Америка и ние ќе ја заштитиме“, додаде тој.

Во јануари, администрацијата на Трамп објави втора мисија наречена „Операција Јужно копје“, насочена кон автономни и роботизирани системи. Таа мисија требаше да се фокусира на поморски операции против наркотици.

Не е јасно дали најавата на Хегсет претставува проширување на таа програма или сосема нова мисија. Белата куќа испрати барање до Пентагон за дополнително разјаснување.