[ВИДЕО] Ова овошје е 8 пати поефикасна терапија, а нѝ е достапно секој ден, тврди д-р Несторовиќ: Во сезоната на грип советува што да се пие, но и како побрзо да оздравиме

Точка

14/11/2025

08:55

3.494

Големина на фонт

а а а

Добредојдовте во сезоната на грип! Со првите студени денови пристигнуваат и звуците на поткашлување, кои ги слушаме насекаде околу нас, обидувајќи се истовремено да се заштитиме од можниот „напад“ на вируси.

Се обидуваме да ги избегнеме, но тие во ова време демнат од сите страни. Веќе знаете дека секогаш е подобро да се спречи отколку да се лекува и дека превенцијата е најдобра одбрана. Вакцините се на располагање, но постои и нешто поефикасно, вели доктор Бранимир Несторовиќ.

Сезоната на респираторни инфекции е во полн ек, и важно е да го обновиме арсеналот со кој ќе го подигнеме имунитетот на највисоко ниво на борбена готовност. Неопходно е да се преземат превентивни мерки и да се обрне внимание на симптоми како кивање, течење на нос, болки во грлото, кашлица, блага температура... Обична настинка или нешто посериозно?

Грипот е најтешката вирусна болест на органите за дишење, а пневмонијата е неговата најопасна компликација, од која годишно заболуваат околу 450 милиони луѓе во светот. Превенцијата подразбира јакнење на имунитетот, редовно миење раце, вакцинација против сезонски грип, а и д-р Бранимир Несторовиќ има свои препораки.

Угледниот педијатар, пулмолог, алерголог и професор гостуваше во емисијата „Blic Zdravlje“, каде што зборуваше за грипот и сподели неколку одлични совети. На почетокот објасни колку се опасни вирусите и колку навистина влијаат на развојот на пневмонија.

„За среќа, повеќето вируси не се интересираат за нас. Тие што имаат тенденција да заразат луѓе се зоонози, инфекции што потекнуваат од животни, бидејќи животните еволутивно се подолго на Земјата од човекот. Грипот секоја година тргнува од Далечниот Исток и се смета дека понатаму се шири преку миграции на птици. Не е опасен за здрави луѓе, но е опасен за постарите со хронични болести, за многу младите и за сите со слаб имунитет“.

Грипот носи многу компликации и, за жал, секоја година предизвикува голем број смртни случаи. Затоа за превенцијата треба да се размислува навреме. Но, дали вакцината е најделотворниот метод? И дали здравите луѓе на средна возраст треба да се вакцинираат?

„Мислам дека не. Процесот на подготовка на вакцината е долг. Секоја година напролет се земаат примероци од различни видови грип, и на таа основа се создаваат комбинации. Но до есен може да се појави друг сој кој ќе стане доминантен, па заштитата е релативно мала. Друг проблем е што луѓето на кои најмногу им треба – стари и многу млади – слабо создаваат имунолошки одговор на вакцината“, објаснува тој.

„На хронично болните, постарите и многу младите и понатаму им ја препорачуваме вакцината, но мислам дека главната превенција е здравиот начин на живот. Постојат две конкретни работи кои се покажале како исклучително корисни и нѝ се достапни секој ден – бозел и боровница, односно антоцијанините што ги содржат. Истражувања спроведени во Израел откриле дека консумирањето овошје со црн пигмент е 8 пати поефикасна терапија“.


Најдобар ефект се постигнува кога се консумираат свежи, вели д-р Несторовиќ. Сок од бозел, на пример. Антоцијанините се пигменти кои им ја даваат црната боја на растенијата, а колку се потемни – толку се подобри.

„Втор превентивен лек е цинкот, кој се покажал одличен кај сите вирусни инфекции. Но за да влезе во клетките, потребно е нешто да го „турне“. Постојат природни супстанци – кверцетин – кој го „внесува“ во клетките. Цинкот бара рамнотежа: ни премногу, ни премалку. Оптимумот е 20 до 30 mg дневно; поголеми дози можат да предизвикаат контраефект. Не заборавајте ни на витаминот Ц – половина грам дневно е доволно“.

Што да се прави кога вирусот веќе ќе нè стигне? Првата реакција е да ја симнеме температурата, вели д-р Несторовиќ. Но, постои студија која открила дека луѓето што користеле антипиретици имале грип еден ден подолго од оние што не ги користеле.

„Хипократ бил гениј. Високата температура ја нарекувал „готвење“. Кога телесната температура ќе се покачи над 39 степени, вирусите не можат долго да преживеат. Дури и рибите имаат температура кога се болни – тоа ми беше интересно кога го открив.

Лично мислам дека потењето е многу подобар механизам. Се сеќавате како правеле нашите баби: ќе се завиткаш во ќебе, ќе испиеш нешто... Но, постои мислење дека не треба да се пие премногу чај и течности воопшто, бидејќи една студија покажала дека кај 75% од луѓето состојбата се влошила кога пиеле разредени раствори без натриум. Супата е одлична – особено пилешка. Не за џабе ја правеле нашите баби. И слободно нека биде малку посолена“.