Нема влада, нема закони и технички секој едноставно може да отиде таму и да прогласи своја нација.
Причината зошто е ова така е малку бизарна. Се работи за местото наречено Бир Тавил. Има приближно големина колку Луксембург, а се наоѓа точно помеѓу Египет и Судан.
Ниту една земја не го бара. Нема влада, нема закони и технички секој едноставно може да отиде таму и да прогласи своја нација, а многумина и се обиделе.

Американецот Џеремаја Хитон, отпатувал во Бир Тавил во 2014 година, поставил знаме кое го дизајнирала неговата ќерка и го прогласил за Кралство Северен Судан. Потоа пристигнале двајца Руси за да ја побараат земјата за себе, а и еден Индиец го сторил истото.
Значи, сега постојат има кралства кои во основа постојат само во нивната имагинација.

Но, зошто Бир Тавил не му припаѓа никому? Тоа датира од Британците. Кога го контролирале регионот во 19 век, тие нацртале две различни мапи на граници.

Едната мапа му го дава Бир Тавил на Судан. Друга му го дава на Египет, а еве го и пресвртот.
Земањето на Бир Тавил значи откажување од Халаиб, многу поголем регион на Црвеното Море, кој веројатно е богат со нафта.

Така, обете земји го претпочитаат Халаиб, оставајќи го Бир Тавил настрана. Поради тоа, Бир Тавил останува единственото место на Земјата каде што секој може да биде крал, но никој не е.





