[ВИДЕО] Новинарка на „РТРС“ прашала случаен минувач дали се исплати да се купи прасе, а неговиот одговор ги насмеа сите: „Јас сум оџа“

Точка

13/11/2025

22:16

3.901

Големина на фонт

а а а

Новинарката на „РТРС“, спроведувајќи анкета, запрела еден случаен минувач за да го праша дали денес се исплати да се купи прасе, а неговиот одговор насмеал многумина на социјалните мрежи.

„Дали се подготвувате за зимница? Почнува сезоната на сушење месо. Дали се исплати денес да се земе прасе, полутка?“, го прашала таа.

Мажот се насмеал и ѝ одговорил: „Јас сум оџа, ме прашуваш дали може прасе...“.


Видеото на „ТикТок“ досега е прегледано повеќе од 200.000 пати, а коментарите не престануваат да се нижат. Меѓу нив се јавил и Сабахудин, имамот од снимката.

„Тоа беше само една симпатична ситуација, а навистина не знам дали се исплати да се земе прасе — тоа беше прашањето. Голем поздрав“, напишал тој.

Следеле бројни реакции од луѓе на кои ова видео им го разубавило денот.

„Легенда. Како само слатко се изнасмеа“, „Овој човек е вистинска душа“, „Оџата е легенда. Сигурно уште се смее“, „И двете реакции се хит“, биле само дел од коментарите.