[ВИДЕО] „Мислев дека ова е крајот“: Австралиски сурфер нападнат од ајкула, камерите снимиле сè

Макфакс

12/11/2025

10:48

439

Големина на фонт

а а а

Австралискиот сурфер Енди Мекдоналд за малку избегна смрт откако беше нападнат од голема бела ајкула во близина на Маргарет Ривер во Западна Австралија претходно оваа недела, објави Би-би-си.

Мекдоналд рече дека додека сурфал одеднаш видел ајкула како му се приближува. „Во тој момент помислив: ова е крајот на мојот живот“, рече тој, по што ајкулата го каснала за даската и го влечела во водата.

Тој почнал да клоца и да се бори со животното, обидувајќи се да го избрка.

Целата случка била снимена од сурферска камера поставена на брегот.

Потоа ајкулата се повлекла и нурнала подлабоко во океанот, оставајќи го Мекдоналд во голема мера неповреден. Иако даската била целосно уништена, тоа не го спречило брзо да се врати на своето хоби.