[ФОТО] Во Белгија поставен рекорд за најголема торта за кучиња - тешка 454 килограми

Точка

11/11/2025

20:18

237

Големина на фонт

а а а

Локална продавница за домашни миленици во белгиското гратче Вахтбек денеска го сруши светскиот рекорд за „најголема торта за кучиња“ подготвувајќи деликатес тежок повеќе од 450 килограми, објави Гинисовата книга на рекорди.

Тортата тешка 454 килограми се сечела и давала на сопствениците на кучиња во текот на целиот ден, пренесе Фламанската радио-телевизија (VRT).


„Секоја година организираме прошетка со кучиња, но оваа година сакавме нешто посебно. Тоа се претвори во обид да се сруши светскиот рекорд за најголема торта за кучиња и успеавме“, рече иницијаторот Кристоф Берк.

Рекордот во Гинисовата книга ќе биде запишан како најголема торта за кучиња, а мерката е тежината, а не волуменот.


Тортата во Вахтбеке била речиси 100 килограми потешка од претходниот рекорд од Бугарија од 358 килограми.

Џиновската торта била направена од пире од карфиол, компири и бисквити за кучиња.


„Свесно избравме свежо месо и природни состојки кои служат и како декорации. Тортата е направена целосно од состојки погодни за кучиња“, објасни Беркс.

Организаторите нагласиле дека биле исполнети строги услови, вклучително и ладилна сала каде што била направена тортата и каде што се сечела, за да се одржи константна температура на месото.