Ханси Флик се најде на удар и покрај победата: Сакам да кажам многу работи, но…

Дерби

10/11/2025

13:19

319

Големина на фонт

а а а

Барселона го искористи киксот на Реал Мадрид и успеа да триумфира на терен кој е исклучително тежок за каталонците во последните десет години, па затоа победата над Селта Виго носи двојно задоволство за Ханси Флик.

Германскиот стручњак повторно гледаше како неговиот тим е исклучително ранлив во одбрана, но нападот повторно најде решение за сите проблеми и со четири голови го реши прашањето околу победникот.

Роберт Левандовски беше јунак во победата од 2:4 со хет-трикот кој го реализираше, па иако Барса се доближи на минус три од Реал Мадрид, Ханси Флик повторно се најде на удар и одговараше на прашања кои се поврзани за разочарувачките бројки кога се примените голови во прашање.

– Понекогаш е добро да кажете многу работи, сакам да го направам тоа, но сепак нема да видите такво нешто. Има премногу врева околу нас, но нема да се насочуваме кон работи кои пристигнуваат отстрана. Мене ми се допадна натпреварот и сметам дека сме на вистинскиот пат.

– Точно е, имаше работи во кои не бевме целосно добри и ќе направиме анализа, но сметам дека се подобруваме и чекориме по вистинскиот пат. Повредите не се изговор, но се надевам дека ќе имам повеќе играчи на располагање по репрезентативната пауза. Ние се насочуваме само кон себе, но секако дека сум среќен што намаливме два бода во однос на Реал ова коло. Секогаш е добро кога ја дочекувате репрезентативната пауза со победа, – изјави Германецот.