Алкарас искрен: Подобро што не игра Ѓоковиќ

Дерби

10/11/2025

11:57

333

Големина на фонт

а а а

Првиот натпреварувачки ден на завршниот Мастерс во Торино донесе два меча во сингл конкуренција, а програмата беше отворена со дуел меѓу Карлос Алкарас и Алекс Де Минор.

Иако Шпанецот се мачеше во првиот сет, во продолжение успеа да се консолидира и на крајот го победи „Демонот“ со 2:0 во сетови, па откако дозна дека оваа година дел од неговата група сепак нема да биде Новак Ѓоковиќ, Алкарас има поголеми шанси за пласман во полуфиналето.

Алкарас не ужива да игра во сала и се уште го пронаоѓа својот најдобар ритам на оваа подлога, а еден ден пред мечот со Де Минор, пристигна вест дека Ѓоковиќ поради повреда нема да се појави во Торино, турнир на кој неговото место го зазема Лоренцо Музети.

– Ако бидам најискрен, подобро што не игра Новак. Подобро е што во групата го имам Музети, а не Ѓоковиќ.

– Посебно е тешко ако го имате Новак во групната фаза, особено поради искуството кое го има, но и процентот на победи кои ги има на оваа подлога и во овие услови. Игравме тука во 2023-та година, играв добар тенис, но сепак тој ме „уби“, – искрено изјави Алкарас.