Киву за главната тактичка промена на Интер од времето на Инѕаги: Не е лесно за фудбалерите

Дерби

10/11/2025

11:55

178

Големина на фонт

а а а

Кристијан Киву наследи добро избалансиран и воигран тим од Симоне Инѕаги, но сепак Романецот многу брзо реши да ги реадаптира играчите на неколку свои методи, но и на тактички замисли кои се разликуваат од оние на неговиот претходник.

Интер има одличен старт на сезоната и на ноемвриска репрезентативна пауза замина како лидер во Серија А, а вчера на домашен терен најде решение и за Лацио кој беше совладан со резултат 2:0.

За разлика од претходните два натпревари против Верона и Каират, Киву сега беше задоволен од изданието на неговите фудбалери, за кои сфаќа дека воопшто не е лесно да се привикнат на новата филозофија која тој ја негува од самиот старт на етапта во Интер.

Киву бара максимално залагање од фудбалерите и жесток и висок пресинг во противничката половина, а токму така беше постигнат и првиот гол на вчерашното дерби на „Џузепе Меаца“.

– Не е лесно да се одржи тоа ниво и таквиот пристап со пресингот на секои три дена, па затоа мора да работиме и на тајмингот кога да го правиме тоа. Има моменти кога треба да притискаме, но има и кога мора да чекаме позади. Нашата ротација ни овозможува да одмориме одредени играчи, бидејќи оваа тактика троши многу енергија. Потребна е многу енергија за да се биде доминантен и за да се исполнат барањата кои ги има тренерот, – изјави Киву со насмевка на лицето.