Бенфика имаше навидум комотна предност против Каса Пија и се доби впечаток дека е на добар пат да побеид по водството од 2:0, но избраниците на Жозе Мурињо направија од готово-вересија, и тоа на неверојатен начин.
Се започна со нестварниот автогол кој си го даде Томас Араужо по одбранетиот пенал на голманот Трубин, а кулминираше со голот на Каса Пија за 2:2 во судиското продолжение.
Жозе Мурињо не можеше да поверува што гледа и имаше конфликт со судијата по последниот свиреж, но мора да се признае дека се започна со катастрофалната реакцијата која ја имаше неговиот стопер.
Пеналот за Каса Пија во 65-та минута доби најнеочекувана завршница, во која стоперот Араужо си постигна еден од најбизарните автоголови во последно време.
Добра реакцијата на Трубин само за момент ги израдува навивачите на Бенфика, кои една секунда подоцна беа шокирани од автогол каков што ретко се гледа во елитниот фудбал.
Автоголот погледнете го ТУКА.






