Милан брзо стигна до водство од 0:2 на гостувањето кај Парма, но до крајот на средбата дозволи противникот да се врати натпреварот и мораше да се задоволи само со бод на „Енио Тардини“.
Домаќините намалија пред крајот на првиот дел и израмнија по почетокот на второто полувреме, во меѓувреме имаа и други шанси, а Милан пропушти можност за трет гол и посакувана победа.
На крајот, тренерот Макс Алегри во првиот коментар за ремито потенцирал дека неговиот тим заспал, односно престанал да игра по двата гола и прокоцкал важни бодови.
– Испуштивме бодови, не знам што ќе се случеше ако имавма два гола предност на полувреме, но сигурно е дека требаше да одиграме подобро.
– Бевме малку смотани денес и прокоцкавме важни бодови, што значи дека останавме без шест бодови во дуелите со Парма, Кремонезе и Пиза. Не бевме цврсти и фокусирани кога имавме еден гол предност, лесно им ја предававме топката и се стававме во незгодна позиција. Разбирам да се најдеш во ситуација кога противникот ти прави притисок, но во тие моменти ако веќе не играш добро, барем можеш да се бориш жестоко за секоја топка, – рекол Алегри.






