Растодер му донесе победа на Тун во Швајцарија

Дерби

02/11/2025

13:29

194

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец, Eлмин Растодер врза две кола со погодок во швајцарскиот шампионат, па така откако стрелаше против Винтертур тоа го направи и против Сион.

Меѓутоа голот против Сион беше позначаен затоа што со истиот донесе славје на својата екипа од 2-1.

Ова севкупно за Растодер е трет гол во гол во првенство, плус има уште две асистенции. Тун пак е убедлив лидер на табелата со 28 бода, седум повеќе од второпласирниот Сент Гален.