[ВИДЕО] Паника во луксузен хотел: Луѓето во неверување кога виделе што имало во базен, надлежните веднаш издале предупредување

Точка

02/11/2025

14:32

2.051

Големина на фонт

а а а

Млад крокодил ги изненадил гостите во луксузното одморалиште во Квинсленд кога сосем неочекувано се појавил во базенот од хотелот.

Иако не е познато како стигнал таму, се претпоставува дека едноставно залутал во потрага по вода.

Ренџерите со голема брзина реагирале, безбедно го отстраниле од базенот и го вратиле во неговото природно живеалиште додека надлежните служби повторно ги предупредиле граѓаните на внимание поради зачестената појава на крокодили во тоа подрачје.


Она што е интересно е тоа што гостите сами ги известиле вработените на хотелот за непоканетиот посетител.

„Не сакаме да кренеме паника, но мислам дека во базенот има крокодил“, изјавила гостинката Лиса Келер во своето видео на ТикТок.

На друго видео, Келер забележала сцена од гостите кои безгрижно се сончаат покрај базенот, несвесни дека во непосредна близина има крокодил.

Еден од присутните дури напомнал дека ова не е првпат крокодил да се појави во хотелот – претходно еден бил забележан и во близина на голф теренот.


Портпаролот на Одделението за заштита на животна средина, туризам и иновации во Квинсленд, потврдил дека чуварите на дивите животни во неделата реагирале по појавата на крокодил, која пристигнала по пат на апликација.

Ренџерите го поместиле крокодилот откако пристигнала дојава дека животното се појавило во хотелскиот базен во Порт Даглас, потврдил портпаролот.

Во околината потоа биле поставени предупредувања за присуство на диви животни.