[ВИДЕО] Сведок за нападот во воз во Англија: Видов човек кој трчаше и ги предупредуваше другите дека е избоден

Макфакс

02/11/2025

08:45

1.541

Големина на фонт

а а а

Полицијата во Кембриџшир соопшти дека вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот откако добиле извештаи за напад во воз во Англија.

„Вооружени полицајци пристигнале на местото на настанот и возот бил запрен во Хантингдон, каде што биле уапсени двајца мажи“, соопшти полицијата.

Службата за брза помош на Источна Англија започнала голема операција за инцидентот. Портпаролот изјавил дека голем број амбулантни возила, тактички команданти и нивниот тим за одговор на опасни подрачја биле на местото на настанот.

„Можеме да потврдиме дека превезовме повеќе пациенти во болницата“, додаде тој.

Еден сведок кој бил во возот раскажал како видел некого како се движи низ вагонот и ги предупредува другите: „Имаат нож, избоден сум“.

Сведокот изјавил за „Скај њуз“ дека човекот бил „екстремно крвав“.

„Тоа лице заврши колабирајќи на подот. Беше однесено во амбулантно возило речиси веднаш“, истакнал тој.

Други сведоци, исто така, велат дека ранети луѓе трчале низ возот, бегајќи од напаѓачот со нож.

„Подоцна, вооружени полицајци биле видени како го насочуваат оружјето кон човек кој стоел на перонот со голем нож“, рекол еден сведок.

Потоа човекот бил онеспособен со електрошокер и врзан.

Девет лица се во животна опасност по нападот. Полицијата уапсила две лица, а британскиот премиер Кир Стармер го нарече настанот „страшен инцидент“. Полицијата потврди дека била активиран кодниот збор „Платон“ – сигнал за можен „подвижен терористички напад“, но подоцна таа квалификација била повлечена, и засега не е познат мотивот за нападот.