Терапевтка открива: Ова се најчестите навики на паровите кои остануваат во успешен брак долги години

Точка

07/10/2025

10:18

1.094

Големина на фонт

а а а

Паровите кои остануваат заедно долги години, често делат слични обрасци на однесување кои нивната врска ја прават стабилна и исполнета.

Наместо да очекуваат совршенство, тие учат како да се справуваат со разликите и да развијат навики кои ја јакнат меѓусебната почит, разбирање и поврзаност.

Успешните бракови не зависат од среќата или случајноста, туку од доследната примена на секојдневните навики кои ја чуваат блискоста и довербата низ годините.


Според мислењето на терапевтката Џоан Е. Чилдес, постојат неколку навики на луѓето кои остануваат во брак повеќе од 40 години.

Добрите партнери знаат да го бараат она што им треба и отворено говорат за чувствата.

„Никој не може да ги чита туѓите мисли, па искрениот разговор е потребен дури и кога тоа може да предизвика лутење или непријатност. Потребна е храброст за соочување со саканата личност, но доколку тоа не го направите огорченоста се собира и штети на односот“, појаснила терапевтката.

Покрај тоа, оваа терапевтка додава: „Ништо не одбива повеќе од чувството дека некој ве подучува или ви наметнува совети. Предавањето често потсетува на детството и може да предизвика одбранбена реакција. Партнерите кои добро функционираат бираат соработка и бараат решенија прифатливи за двајцата, наместо едниот на другиот да му кажува што да прави“.

Исто така таа појаснува дека ништо не делува подобро од искреноста затоа што разубавувањето на фактите или претерувањето само предизвикува одбранбена реакција.

„Секоја личност има свој начин на доживување на конфликтот, па поточното и поотворено истражување е најдобриот начин да се спречат недоразбирања“, вели терапевтката.


Таа натаму тврди дека долготрајните бракови опстојуваат затоа што партнерите преземаат лична одговорност наместо да бараат вина. Таквиот пристап потсетува на отворен разговор и меѓусебно разбирање.

„Наместо да се борат кој е во право, партнерите кои долго остануваат заедно се насочени кон решенијата. Разликите се неизбежни, но важно е разговорот да води кон разбирање, а не кон натпревар. Кога проблемите се решаваат отворено, блискоста и довербата меѓу партнерите постојано се зајакнува“, појаснува Чилдес.