Италијанската фудбалска легенда, Фабио Канаваро не се прослави во својот последен клупски ангажман во редовите на Динамо Загреб, но тој е големо име и е интересен, па неговиот нов предизвик ќе биде работа со национален тим.
Тоа што изминативе денови се најавуваше денеска беше потврдено и Канаваро е именува за нов селектор на Узбекистан. Тоа е селекција која веќе обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година, дебитински настап во кој ќе бидат преводени од некогашната Златна топка.
Најголемиот успех на Узбекистанците им го донесоа Среќко Катанец и Тимур Кападзе, меѓутоа коцките се наместија за Канаваро и тој ќе биде на жешкото столче на мундијалот кој ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
Инаку Фабио ја има водено и Кина, па добро му е позната работата како предводник на репрезентација.














