Клоп: Немам идеја на која позиција ќе игра Вирц во Ливерпул

Дерби

16/07/2025

11:19

739

Големина на фонт

а а а

Ливерпул рано го одврза ќесето и исплати 116 милиони фунти за да го ангажира Флоријан Вирц, играч кој доаѓа во Англија за да го засили тимот кој изгледаше речиси непогрешливо во Премиер лигата минатата сезона.

Младиот германскиот фудбалер важи за еден од најнадежните играчи во светот и пристигнува на „Енфилд“ со огромни очекувања, но во оваа фаза од летото, се поставуваат големи прашања за тоа на која позиција ќе биде користен од Арне Слот.

Како поливалентен фудбалер кој може да покрие повеќе позиции во офанзивата, Вирц може да се снајде во повеќе формации, а останува да се види каков систем ќе применува Слот во сезоната со големото летно засилување.

– Немам дилеми дека Вирц ќе се адаптира на англискиот фудбал, иако мора да признаам дека не знам на која позиција ќе биде игран од Арне Слот. Немам идеја каква е замислата на Арне, но Ливерпул доби извонреден фудбалер.

– Времето ќе покаже дали ќе направи подобар тим од актуелниот англиски шампион, – изјави Јирген Клоп, кој по реализацијата на трансферот посочи дека сумата од 116 милиони фунти изгледа луда без оглед на квалитетите кои ги поседува сонародникот.